ПРЕДУПРЕДУВАЧКИ ЗНАЦИ ЗА КАТЕГОРИИ НА ФИЛМОВИ КОИ СЕ ПРИКАЖУВААТ
 
 
Прва Категорија        
.
Филмови наменети за целата публика
.
Во прва категорија се категоризираат филмовите наменети за целата публика.
Филмовите од категоријата не треба да содржат:

описи, сцени и/или глетки на очигледно насилство (вербално, психичко и физичко) и на очигледно сексуално однесување и сексуално однесување забрането со закон; непристоен говор, говор на омраза и дискриминација; облици на однесување опасни за здравјето, безбедноста,  психофизичкиот и емоционалниот развој на децата и на младите; поведение навредливо за човековото достоинство; поттикнување и инструкции за употреба на дрога и други психотропни супстанции, а се лесни за имитација од страна на деца.


 
Втора Категорија      
.
Филмови за кои се препорачува надзор од родител или старател

.
Во втора категорија се категоризираат филмовите за кои се препорачува надзор од родител или старател.
Филмовите од оваа категоријата содржат: описи, сцени и/или глетки на нереално и неекстремно насилство (вербално, психичко и физичко), голотина која не е сексуално ориентирана и кои не можат да ја вознемират малолетната публика, но за нивно следење се препорачува надзор од родител или старател.


 
Трета Категорија      
.
Филмови што не се препорачуваат за деца под 12 години и за чие следење е неопходен надзор од родител или старател
.
Во трета категорија се категоризираат филмовите што не се препорачуваат за деца под 12 години и за чие следење е неопходен надзор од родител или старател.
Филмовите од категоријата од ставот на овој член содржат:

Описи, кратки сцени  и/или глетки со физичка и психолошка закана, со хорор-секвенци, насилство и голотина која не е сексуално ориентирана и со употреба на јазик кој е соодветен на возраста за деца под 12 години и не содржат описи, сцени и/или глетки на очигледно насилство (вербално, психичко и физичко) и на очигледно сексуално однесување и сексуално однесување забрането со закон; непристоен говор, говор на омраза и дискриминација; облици на однесување опасни за здравјето, безбедноста, психофизичкиот и емоционалниот развој на децата и на младите; поведение навредливо за човековото достоинство; поттикнување и инструкции за употреба на дрога и други психотропни супстанции, а се лесни за имитација од страна на деца.


Четврта Категорија  
.
Филмови што не се препорачуваат за млада публика под 16 години
.

Во четврта категорија се категоризираат филмовите што не се препорачуваат за млада публика под 16 години.
Филмовите од категоријата не треба да содржат: глетки на очигледно насилство (вербално, психичко и физичко) и на очигледно сексуално однесување и сексуално однесување забрането со закон; непристоен говор, говор на омраза и дискриминација; облици на однесување опасни за здравјето, безбедноста, психофизичкиот и емоционалниот развој на децата и на младите; поведение навредливо за човековото достоинство; поттикнување и инструкции за употреба на дрога и други психотропни супстанции, а се лесни за имитација од страна на деца.


 
Петта Категорија       
.

Филмови што не се препорачуваат за публика под 18 години
.
Во петта категорија се категоризираат филмовите што не се препорачуваат и не се соодветни за публика под 18 години.
Филмови што можат штетно да влијаат врз физичкиот, психичкиот и моралниот развој на децата и на младите се категоризираат филмовите што вклучуваат: описи, сцени и/или глетки на очигледно насилство (вербално, психичко и физичко) и на очигледно сексуално однесување и сексуално однесување забрането со закон; непристоен говор, говор на омраза и дискриминација; облици на однесување опасни за здравјето, безбедноста, психофизичкиот и емоционалниот развој на децата и на младите; поведение навредливо за човековото достоинство; поттикнување и инструкции за употреба на дрога и други психотропни супстанции, а се лесни за имитација од страна на деца.